Бојана Кацарова, студент на генерација: “Кога се работи со љубов и посветеност, успехот е неизбежен”
Description
За да успее во животот, човекот мора да има две работи. Прва е среќата–тоа е она кога на човекот му се укажува поволна прилика. Втората е умот, кој му овозможува на човекот да ја искористи дадената прилика, за ова чист пример е Бојана Кацарова, дипломиран доктор по Општа медицина и студент на генерација на Факултетот за медицински науки при Универзитетот Гоце Делчев-Штип.
Бојана смета дека кога се работи со љубов и посветеност, успехот е неизбежен. Вели дека најголема желба во животот ѝ била да стане лекар, а тоа подразбира напорна работа и труд.Покрај медицината, Бојана се интересира за пишаниот збор и културата.Нејзина најпрепознатлива карактеристика, покрај знаењето кое го поседува, е тоа што се истакнува како родољубец и желбата да продолжи да работи во Македонија и да придонесе за подобрување на здравството.
Ирена Мулачка, новинарка на „Фокус“, трикратна добитничка на наградата „Никола Младенов“, е наш соговорник во серијалот „Жените го менуваат новинарството“.
Зошто „Жените го менуваат новинарството“? Затоа што поголемиот дел од најзабележителните и највлијателни истражувачки стории во Македонија...
Published 09/25/24
По што македонската азбука е различна од другите азбуки? Неколку факти кои сигурно не сте ги знаеле во втората епизода на Даскалот. #Македонија #македонскa #азбука #ЈАЗИК #македонскијазик #македонскаазбука
Published 09/24/24