Силата на еден став
Listen now
Description
Постојат моменти кога животот не бара од нас да се прилагодиме, туку да застанеме цврсто. Да се издигнеме над тишината, над стравот од осуда и над желбата да се вклопиме. Во тие моменти, нашиот став зборува за нас повеќе од што можат зборовите на другите. Ставот е огледало на личноста. Тој е нашиот неприкосновен печат, одраз на вредностите и уверувањата кои не’ водат низ животот. Во време кога многумина бираат да го следат текот на водата, оној кој стои зад својот став станува камен што го пренасочува текот. Што значи да имате став? Тоа значи да не се плашите да застанете зад своето мислење, дури и кога тоа значи да останете сами. Да имате став е повеќе од само зборување; тоа е избор, чекор што бара храброст и јасност. Ставот не е знак на тврдоглавост, туку на решителност да се поддржи она што е вистинито, праведно и значајно.  
More Episodes
Образованието отсекогаш било столбот на секое општество, но неговата вистинска моќ лежи во способноста да создаде критички свесни индивидуи, способни да размислуваат независно и да дејствуваат одговорно во светот. Денес, во ера на масовна дезинформација и брзи технолошки промени, образованието е...
Published 11/28/24
Published 11/22/24
За да успее во животот, човекот мора да има две работи. Прва е среќата–тоа е она кога на човекот му се укажува поволна прилика. Втората е умот, кој му овозможува на човекот да ја искористи дадената прилика, за ова чист пример е Бојана Кацарова, дипломиран доктор по Општа медицина и студент на...
Published 09/26/24