Улогата на образованието во изградбата на критичка свест кај младите
Listen now
Description
Образованието отсекогаш било столбот на секое општество, но неговата вистинска моќ лежи во способноста да создаде критички свесни индивидуи, способни да размислуваат независно и да дејствуваат одговорно во светот. Денес, во ера на масовна дезинформација и брзи технолошки промени, образованието е поважно од кога било, не само за пренесување на факти и знаења, туку и за развивање на критичко размислување кај младите. Еден од најголемите предизвици со кои се соочува образованието во денешното општество е фактот што често се сведува на меморирање на информации. Овој традиционален пристап кон учењето е застарен во време кога младите имаат пристап до бескрајни извори на информации преку интернет. Она што е потребно е образовен систем што ќе ги учи младите не само како да пристапат до информации, туку и како да ги анализираат, оценуваат и користат критички.
More Episodes
Постојат моменти кога животот не бара од нас да се прилагодиме, туку да застанеме цврсто. Да се издигнеме над тишината, над стравот од осуда и над желбата да се вклопиме. Во тие моменти, нашиот став зборува за нас повеќе од што можат зборовите на другите. Ставот е огледало на личноста. Тој е...
Published 11/22/24
Published 11/22/24
За да успее во животот, човекот мора да има две работи. Прва е среќата–тоа е она кога на човекот му се укажува поволна прилика. Втората е умот, кој му овозможува на човекот да ја искористи дадената прилика, за ова чист пример е Бојана Кацарова, дипломиран доктор по Општа медицина и студент на...
Published 09/26/24