Episodes
Во оваа епизода зборуваме со Петар Ниновски од Brainster и Душан Марковиќ од Maliqi Group. Секој со искуство во својата индустрија, Петар во неформално образовани, Душан со угостителство и дистрибуција зборуваа со кои предизвици тие се соочувале во процесот на трансфорамција во компаниите во кои делуваат.
Published 03/17/22
Кога зборуваме за дигитална трансформација често напоменуваме дека луѓето во оранизацијата се клучен фактор за успешната трансформација.   Токму за процесите на промена внатре во компанијата, за развојот и одржувањето на организациската култура и секако за развојот на кариерните патишта во оваа епизода на #комкаст зборуваме со Ивана Дојчиновска Стојановиќ
Published 02/24/22
Во седмата по ред епизода на #комкаст посветена на дигиталната трансфорамција зборуваме за 5G како технологија. Со Маја Милосавлевска Наумовска од А1 Македонија дискутираме за митовите поврзани со 5G, за карактеристиките и предностите на самата технологија но најмногу за можностите кои таа ги отвара во поглед на развој на голем број нови услуги и сервиси во различни индустрии. 
Published 02/03/22
Во шестата последователна комкаст епизода посеветена на дигиталната трансформација изнесуваме на виделина неколку помалку и повеќе очиглени митови поврзани се разбира со дигиталната трансформација.    Секако, штом се митови значи дека се побиени и дека не се точни тврдењата, но и покрај тоа нив одново и одново ги сретнуваме во секојдневната работа. Токму затоа има потреба одново и одново да се повторуваат и да се посочуваат за да може да се очекува соодветна промена.
Published 01/27/22
Иван Скендер е човекот одоговорен за спроведување на дигиталната трансформација во А1 Македонија и А1 Хрватска. Разговаравме за предизвиците, искуствата, препреките со кои се соочуваат но и за методите и пристапот во трансфорамцијата. Допревме малку технологија, малку HR или човечки односи, малку agile менаџмент... и ред други теми.
Published 12/23/21
А за што друго би зборувал со Гораст ако не за гејминг и Game Fest и целата култура и трансформација која низ годините наназад се случува. Зборувавме за лични перцепции и искуства, за влијанието на оваа култура на остатаниот дел од опкружување и на крај секако малку и за децата и играњето, неизбежно беше.
Published 12/16/21
Уште во воведната епизода на серијалов посветен на дигитална транфорамција зборував колку е важен стратешкиот пристап кон собирање и управување со податоците. Во денешната епизода со Мартина Наумовска зборуваме токму за улогата на податоците во рамки на самата трансформација на работењето на една организација. Мартина е првата жена Data Scientist која влегла во претприемачките води во Македонија, еден од основачите на Data Masters и Data Masters академијата.
Published 12/10/21
Како е да се биде од другата страна, кога корисникот бара да му се посвети внимание или реши проблем? Како се менуваа каналите за комуникација со корисниците, колку време е дозволено за решавање на проблем, како е да те замени вештачка интелигенција, што не може да работи робот? На овие и многу други прашања одговара Борче Ѓорѓески од А1 Македонија, човекот кој, најверојатно, има подебела кожа од сите нас заедно...
Published 12/02/21
Најавивме серија на епизоди кои ќе бидат посветени на дигиталната трансформација, ама ред е за почеток да се обидеме да дадеме вовед, дефиниции, рамки за да знаеме за што зборуваме. Во првата епизода од овој серијал се обидувам да ги врзам кафанските муабети со серзиони теми кои секако не се неспоиви, ама си носат свој предизвик. Во воведната епизода ќе слушнете: дефиниции за дигитална трансформaција, основни елементи на дигитална трансформација фази на трансформација фокус на...
Published 11/25/21
Пред неколку месеци со А1 Македонија започнавме убав муабет околу подкасти, локална понуда и сл. и после неколку (онлајн) состаноци и меилови... работите станаа поконкнретни. Се интензивираа работите и конечно денес ја имам честа да ја најавам новата сезона (иако напуштивме броење на сезони пред две години па затоа некаде може и ќе ја викам серија) на #комкаст. Одлуката околу содржината беше прилично лесна. Дигитална трансформација. Долги години сме активен дел од неа, од повеќе страни а тоа...
Published 11/22/21
Бранко е ко-основач главен и одговорен за SEO делот во агенцијата SmartClick. Бранко ми е еден од „тајните” извори за добри SEO дискусии и линкови. Подолго време се договараме да снимаме епизода и конечно успевме да се погодиме и да продискутираме за: развој на кариера во SEO потребите на глобалните пазари и специјализација профили на SEO експерти Core Web Vitals Локалната SEO сцена, ако може така да се нарече :)
Published 07/01/21
Кога ќе се обидеш да размениш искуство пред камера со некој кој, ако не повеќе барем, еднакво зборува како мене не е лесен предизвик. Се обидувавме со Ико долго време да најдеме поконкретна тема за муабет за да не си се жалиме само јавно, тоа секако го правиме често... Еден негов статус за потррага по нов вработен во Групер ме инспирираше да ја отворам темата за вработување, градењеи пронаоѓање на соодветен кадар за работа во нашва индустрија т.е. дигитален маркетинг. Ако ја слушнеш, или...
Published 05/23/21