Description
Овој викенд се одбележаа 98 години трки во Катедралата на брзина, воедно се возеше и јубилејна 950-та трка во Супербајк. Реа по рекордни 17 победи се враќа на врвот по катастрофално лошиот почеток на оваа сезона, со пол позиција и солиден викенд. Баутиста и Разгатлиоглу потврдуваат зошто се на врвот на табелата. Булега со нови лекции, Гарднер со прв подиум, Алекс Лоус со уште еден подиум за останување во борба за титула, а Николас Спинели им донесе прва победа на Барни Рејсинг во деби настапот како замена за повредениот Петручи!