Episodes
Во изминатите неколку тркачки викенди се решија скоро сите титули во шампионатот WSBK, BSB, Moto3 & Moto2. Скоро сите да. Останува само уште веројатно најпрестижната, бисерот во круната. Во следниот викенд Хорхе Мартин ја има првата сет топка за освојување на првата титула во MotoGP! Дали Пеко ќе ја пренесе борбата за титула во Шпанија, или ќе му честита на Шпанецот?
Published 10/29/24
Мартин по падот во сабота победи во недела. Кисело слатко за лидерот во шампионатот кој беше убедливо најбрз овој викенд. Пеко победи во сабота за минимизирање на штетата. Акоста ѕвезда на викендот. Малиот си го оправдува надимакот Ајкула. Супербајк со фантастични трки во Арагон. Наместо Булега да намалува предност, Баутиста се враќа во старата форма. Топрак по незгодната повреда повторно меѓу најбрзите со 3 втори места. Двата шампионати се неверојатно интересни, а тука се и пониските класи....
Published 10/02/24
Пеко започна доминантно со пол позиција и победа во спринтот, но на главната трка падна од трета позиција токму во моментите кога беше побрз од сите на патеката. Но овва не беше главната вест на викендот. Дуелот за победа меѓу Мартин и Бастијанини е причината која ги запали социјалните мрежи. Преагресивно или вистинско тркање? И каде се скрија судиите? Секако херој на денот е вози во друг шампионат. Петручи победи на домашен терен на сите 3 трки, иако беше казнет на стартот за 3 позиции...
Published 09/24/24
Пеко на свој терен со помош на сетилото за мирис ја препозна временската прогноза и онака повреден од претходниот викенд успеа простум да поднесе 2 порази и дури да биде доблесен и да се извини за обвинувањето кон Алекс М за претходниот викенд. Вистински шампион! Марк маестрално ги надвозе останатите и повторно победи, а Мартин тотално ја промаши шансата да ја зголеми бодовната предност во главната трка по одличната победа во спринтот. Одлично за публиката! Нека продолжи трилерот и следниот...
Published 09/11/24
Изминаа скоро 3 години, 4 операции, 30 степени ротација на повредена и инфицирани коска, па уште една година на страшни падови и повреда на очниот нерв...и многу непроспиени ноќи за да се избере најтешката одлука. Пензија, или раскинување на најскапиот договор за да се вози во сателитски тим?! Лекција за упорноста и самодовербата потребна за остварување на еден сон. А тука е и контроверзниот судир меѓу Алекс М и Пеко. Добредојдовте назад на нашиот подкаст.
KRANKIT -...
Published 09/03/24
Азурите доминираа дома! Додека Мартин падна во саботата, а Енеа се разбуди во неделата накај 14:40, Пеко потполно фокусирано се избори против казната од 3 позиции на стартот, притисокот на возење пред домашната публика и огромната сенка на Роси за да ја освои домашната публика со две победи од две трки. Единствени кои му се приближија покрај Енеа и Мартин, беа Марк и Акоста. Останатите сигурно си заминаа со многу теми за размислување.
Published 06/03/24
Алеиш најави заминување во стил! Бањаја уште еднаш покажа дека трката во недела е поважна од онаа во сабота, иако беше на пат да ги победи двете. Акосата потврди дека сепак има само 20 години, а Марк... од Марк се плашат сите, а тој и понатаму продолжува да ужива во својот, веројатно последен, камбек.
Published 05/27/24
Хорхе Мартин имаше совршен викенд за зголемување на бодовната предност. Бањаја со топло ладен викенд прими уште еден пораз од Маркез кој имаше најмногу претекнувања во негов стил и го зема целото внимание. Ова не е само борба за титула туку и за место во фабричкиот тим како и доминација во и вон патеката. Шоуто продолжува во Барселона за 2 недели!
Published 05/13/24
Ако дуелот меѓу Пеко и Марк во Портимао беше прв од многуте кои не следат, тогаш оваа сезона може да биде една оние легендарни за паметење. Мартин со падот во моменти додека водеше, покажа дека ништо не е готово и никој не е сигурен на врвот. Априлија треба да се консолидира по лошиот викенд. Акоста со прв подиум во спринт, но и тежок пад пред главната трка за потсетување дека е во година на учење. Јапонците повторно ги "окупираа" последните позиции. Ле Ман е следната станица за 2 недели! Се...
Published 04/29/24
Овој викенд се одбележаа 98 години трки во Катедралата на брзина, воедно се возеше и јубилејна 950-та трка во Супербајк. Реа по рекордни 17 победи се враќа на врвот по катастрофално лошиот почеток на оваа сезона, со пол позиција и солиден викенд. Баутиста и Разгатлиоглу потврдуваат зошто се на врвот на табелата. Булега со нови лекции, Гарднер со прв подиум, Алекс Лоус со уште еден подиум за останување во борба за титула, а Николас Спинели им донесе прва победа на Барни Рејсинг во деби...
Published 04/22/24
Како што Бетмен го ослободуваше Готам од константните напади на Џокер и компанија, така и Вињалес ја "ослободи" МотоГП (барем на еден викенд) од доминацијата на Дукати. Дали Акоста ќе биде неговиот Робин ќе видиме во продолжение на сезоната.
Published 04/16/24
Во викендот во кој се поклонија двата шампионати видовме 4 различни победници, Вињалес со Априлија имаше кисело сладок викенд, Марк и Пеко се заглавија со роговите додека Мартин, Бештија и гладниот Акоста завршија на подиумот. На другата страна BMW со Топрак однесе двојна победа, Баутиста и Булега се вгнездуваат на врвот, додека Реа конечно влезе во топ 10!
Published 03/24/24
Дукати со Мартин и Пеко победи во Спринтот и во Главната трка, КТМ со Биндер е најподготвен за да им парира, Априлија се појавува и губи, Јапонците се борат за по некој бод...ОК ова го гледавме и минатата сезона? Точно. Па што е ново? Педро Акоста е новиот херој кој не држеше на работ на столот, барем во првата половина од трката. Неизбрусен дијамант! Да уживаме во неговото брусење. Добредојдовте во 75-годишнината на МотоГП!
Published 03/11/24
Новиот лидер во Кавасаки Алекс Лоус ја оправда улогата, додека стариот колега Реа едвај извлече жива глава од веројатно најлошиот викенд во неговата кариера. Топрак делумно задоволен со еден подиум и еден продуван мотор додека Баутиста полека се исправа од лошиот старт. Тука се и младите возачи кои дефинитивно се вмешуваат во борбата за подиум.
Published 02/25/24
Тестираме нов тип содржина со надеж дека ќе фатиме ред повторно и со другата.
Стартуваме подкаст формат во кој ќе се задржиме повеќе на MotoGP & WSBK. Ако добиеме позитивни, па и негативни реакции, ќе се потрудиме да воспоставиме пракса по секоја трка да го раскажеме нашето видување и да споделиме некои новости за и околу највозбудливиот спорт на светот.
Кои се твоите очекувања за сезонава која ни доаѓа?
_________________
Музика во позадина: CRUEL - Ова сум...
Published 02/21/24