Episodes
Македонската кинологија има ретка можност да издејствува конечно да се стекне со своја кучешка раса. Како почнаа и до каде стигнаа групата вљубеници на автохтоната раса македонско овчарско куче Караман. Во Зошто разговараме со Илија Ико Каров претседател на Кинолошкиот клуб за македонското овчарско куче Караман.
Published 06/05/24
Мора да ги сакате животните за да работите со нив, вели Војо Иванов во Поткастот Зошто и објаснува дека нему му се фамилија и птиците и пингвините и мајмуните за кои се грижи. Разочаран е што не се модернизира Зоолошката градина во Скопје, која за две години ќе одбележува 100 години од основањето.
Published 05/29/24
Сите чинители кои не се дел од шумарството сметаат дека целокупниот апарат за заштита на шумите од нелегална сеча е нефункционален, но јас мислам дека многу често ги критикуваме иако многу фактори, влијаат врз таквата состојба, вели Сашко Петровски, еден од основачите на Регионалниот центар за шумарство и рурален развој Рефорд. Со него зборуваме и за криминалните групи и корупцијата која е распространета во овој бизнисот со нелегална сеча на шуми.
Published 05/22/24
Не гледаме дека државата сака да останеме, дека сме и потребни, вели младата лекарка, Соња Граждани. Работела и чекала вработување на Клиниката, без здравствено осигурување и платено породилно отсуство, а има тримесечно бебе. Најфрустрирачки е што критериум за вработување е прво партискиот грб.
Published 05/15/24
Тоа е страшно. Бев во САД, во Флорида и на едно дружење една госпоѓа од клубот ми рече „Знаете што, тие што не носат кацига тука ние ги викаме донатори на органи“, вели Драган Малиновски познат антикорупционер, адвокат и моторџија кој повикува на почитување на пишаните и непишаните правила за однесување во сообраќајот.
Published 05/08/24
„Денеска кај нас се развива квизаџиството. Има се повеќе млади и паметни квизаџии и тоа е во подем,“ вели во Поткастот Зошто Зоран Јорданов еден од најпознатите македонски квизаџии, творец, уредник и учесник на квизови на Балканот
Published 05/01/24
Политичките елити заради свои интереси ги поделија младите по етничка и партиска основа, вели активистот Бленди Ходаи. Верува дека младите може да се обединат пред се за радикални реформи на образованието. Во Поткастот Зошто зборува како младите луѓе да станат гласни и авангарда во државата.
Published 04/17/24
„Најди ме“ или Амбер алерт е систем за рано предупредување за исчезнати деца“, но некои го злоупотребуваат. Свекрва пријавува снаа за исчезната а таа заминала кај мајката или девојка пријавува момче а тие раскинале. Но ситемот споделува само потврдени информации од МВР, вели во Зошто Наташа Доковска, новинарка и Програмски директор на невладината организација „Новинари за човекови права
Published 04/10/24
Зошто граѓаните на избори гласаат повеќе „против“ отколку „за“? Им треба ли тренинг за личен развој на политичките лидери? Зошто жртва наместо слобода на избор? Одговорите во Зошто ги бараме од Ида Протуѓер, која новинарството го замени со life coaching или тренер за личен и организациски развој.
Published 04/03/24
Жарко Јовановиќ во Зошто. Млад дечко глумец – кумановец, стенд ап комичар. Еден од онаа млада глумечка гарда која успева да ја насмее публиката и во тмурни времиња. Зошто му е смешна политиката и политичарите, па ни ги нуди и на сатиричен начин, во живо, на интернет или на ТВ.
Published 03/27/24
Нашите колеги, архитекти, кои ја воделе архитектурата на градот и државата во времето на СРМ го имале целиот дигнитет на професијата и слобода да одлучуваат. Не може да сме полоши од нив. Полошо е само опкружувањето сега за практикување архитектура, вели архитектот Бујар Муча во Поткастот Зошто
Published 03/20/24
„Сега државата всушност им дава пари на партиите и преку нив се влеваат во медиумите и значи на поинаков начин има еден вид корупција, вели во Зошто познатиот македонски новинар и Претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика Мирче Адамчевски. Со него разговараме и за новинарството и за улогата на Советот за Етика како тело за морални санкции за да се заштити јавноста од неквалитетни новинари
Published 03/13/24
Еуфоријата за подароци на 8 март како да нема граници. Професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ во поткастот Зошто вели дека загрижува што сега децата се гледаат низ призмата на материјалното. Таа забранува да и се носат подароци, но иницира хуманитарни акции заедно со своите ученици.
Published 03/06/24
Ние сме бомбардирани со илјадници информации и денеска техниките на манипулирање со јавноста не се врзуваат со цензурата. Цензурата не е возможна, не можете да блокирате информација, ќе се појави, вели Михајло Лахтов, експерт за медиуми. Во Зошто зборуваме и за пропагандата и „инстант вистините“ .
Published 02/28/24
„Тука ризикот да украдете нешто и ризикот да одговарате и да одите во затвор се сведува практично на нула. Затоа корупцијата е кај нас високо и широко распространета исплатлива дејност и последиците се таму од каде што се земени парите“, вели Герман Филков за поткастот Зошто. Со него разговараме и за ефектите од работата на Центарот за граѓански комуникации, за црните листи на САД и извештаите на ЕУ.
Published 02/21/24
Во земјава има млади луѓе, кои се обидуваат да направат нешто, за себе и за општеството. Еден таков човек најдовме на социјалните мрежи. Тоа е Никола Нешкоски, планинар, велосипедист, екологист и едукатор. Со него во поткастот Зошто разговараме за задоволствата, успесите но предизвиците со кои тој се соочува во остварувањето на неговата мисија.
Published 02/07/24
Во држава без дигитализација и документи уште се вадат на шалтер, со турканици, кој размислува за вештачка интелигенција? А ВИ го освојува светот. Комуниколот Бојан Кордалов во Зошто зборува колку се користат овие алатки, за укинување работни места, но и дали ќе „учествуваат“ во изборните кампањи.
Published 01/31/24
Добро е кога можеш да споделиш нешто, а многу луѓе околу тебе тоа го споделуваат, вели Виктор Петров – Викса популарен водител на Радио Сити во Поткастот Зошто на Слободна Европа. Со Викса разговараме за Радиото како медиум денеска, вчера и во иднина. Радиото , вчера и денеска, не е исто. За Викса Радиото е друштво на луѓе што знаат да бидат во друштво.
Published 01/24/24
Партиските поданици се помалку од граѓаните кои можат да решат да ги земат работите во свои раце, иако практикувањето на ова демократско право е уште во зародиш. Активистот Никола Писарев во поткастот Зошто зборува за герила акциите, но и за „заморот“ и разочарувањето после Шарената револуција.
Published 01/17/24
„Отсекогаш ми било многу поважно какви луѓе ќе станат моите ученици отколку какви оценки ќе добијат на тестовите“, вели за „Зошто“ Наде Молеровиќ долгогодишен просветен работник, директорка во две основни училишта која никогаш не престанала да биде учител.
Published 01/10/24
Полесно е да се работи на проверени варијанти, музика слушлива на прва, вели Игор Атанасовски Харе, но тоа не му е предизвик. Вели Блузот им прави ќеиф на луѓето, а го наоѓа и во фолклорната музика. Со Игор Харе во Поткастот “Зошто“ и за патриотизмот, за новата година и што ги прави луѓето среќни.
Published 01/03/24
Кои се најчестите причини да се посети психолог денеска и дали професионална помош повеќе бараат младите или возрасните. За менталните проблеми и потреби од психолози, за употребата на лековите кои делуваат на централниот нервен систем, анксиозноста и депресијата во Поткастот Зошто разговараме со психологот Тиана Ивановска.
Published 12/27/23
На кандидатските листи никогаш или само на дното има лица со попреченост, па ги нема ниту во Парламентот, ниту во Владата. За битката што ја водат овие граѓани и со секојдневните, физички препреки, но и со уште поголемите - дискриминацијата и предрасудите во поткастот Зошто зборува Елена Кочоска.
Published 12/20/23
Тоа е страшно. Бев во САД, во Флорида и на едно дружење една госпоѓа од клубот ми рече „Знаете што, тие што не носат кацига тука ние ги викаме донатори на органи“, вели Драган Малиновски познат антикорупционер, адвокат и моторџија кој повикува на почитување на пишаните и непишаните правила за однесување во сообраќајот.
Published 12/13/23