Episodes
Во СОС Детското Село, Силвана Ивановска го минала своето детство и благодарение на луѓето кои работат таму успеала да стане првата оттаму што завршила факултет и тоа со највисоки оценки, а потоа и се вработила во МНР. Во подкастот Зошто за себе вели дека е бунтовник, но никогаш без причина.
Published 11/20/24
Од 50 илјади хектари со градинарски производи пред 10 години, сега има едвај 15 илјади и се помалку професионални земјоделци, вели Гордана Попсимонова, професорка на Земјоделскиот факултет. Во подкастот Зошто зборува за органското производство, но и за современите земјоделци со компјутери и дронови
Published 11/13/24
Колку модерните графити се контроверзна тема денес и која е разликата од минатото. Од обиди за апсење до честење кафе од граѓаните. Нешто сепак се менува. Во Зошто разговараме со Драган Китановски Драш.
Published 11/06/24
Ризикот за заболување од канцер на дојка во семејства каде што со генерации имало повеќе случаи и се јавувал на возраст до 50 години е над 60%, вели генетичарот д-р Тодор Арсов. Во поткастот Зошто зборува за важноста на генетиката во судските случаи, но и за наследните болести во нашето поднебје
Published 10/30/24
За Зоран Блажевски „Зоки малиот“ велат дека е една од скопските урбани легенди затоа што од 1984 та си ги поставил темелите на урбано угостителство во Скопје. Од Рандеву во чаршија, па преку МЦМ и до Џубокс. Со него зборуваме за парадоксите на времето некогаш и сега.
Published 10/23/24
„Денеска кај нас се развива квизаџиството. Има се повеќе млади и паметни квизаџии и тоа е во подем,“ вели во Поткастот Зошто Зоран Јорданов еден од најпознатите македонски квизаџии, творец, уредник и учесник на квизови на Балканот.
Published 10/16/24
За да функционираат институциите мора да има притисок, вели Гонце Јаковлеска од МЦМС. Вели дека со години биле перципирани како странски агенти, петтоколонаш, шпиуни, но тоа се менува и се повеќе граѓани сакаат нешто да променат. Фокусот е на корупцијата, но најпрво ги истражуваат личните искуства.
Published 10/09/24
Извештајот на СЗО за Европа открива дека употребата на кондоми кај сексуално активните адолесценти, значително се намалила oд 2014 година, а стапката на незаштитен секс е високо загрозувачка. Адолесцентите од Северна Македонија се наоѓаат на високото четврто место. Во Зошто разговараме со Д-р Лидија Јовчевска Ивановска- специјалист гинеколог во Младински центар „Сакам да знам"- Шуто Оризари и мобилна гинеколошка амбуланта на ХЕРА.
Published 10/02/24
Луѓето сакаат се однапред да знаат, па ние сме како некои претскажувачи, вели метеорологот Ирена Лазарова Димитровска во подкастот Зошто. Раскажува дека во лето ја прашуваат дали ќе има снег за Нова година. Временската прогноза е се попрецизна, но климатските промени носат екстреми кои ја отежнуваат
Published 09/25/24
Нашата цел е да промовираме безбедни практики. Искусните моторџии возат безбедно. Ние се бориме против оние кои не возат безбедно, без разлика дали станува збор за мотори или автомобили, вели Зоран Богдановски автор на МОТОКАСТ.
Published 09/18/24
Според Институтот за јавно здравје, само 10 отсто од испитаниците имаат умерена физичка активност - 150 минути неделно пеш. Половината немаат никаква. Доктор Александар Митов во поткастот Зошто зборува зошто кај нас доминира нездравата исхрана, а главен извор на болестите се цигарите и алкохолот.
Published 09/11/24
Нема потреба од страв ако вештачката интелигенција се користи во добри цели, но за жал има и лоши цели. ВИ е алатка во рацете на човекот. Тој одобрува, пушта во етер и објавува, така што одговорноста е кај луѓето, вели во Поткастот Зошто магистерот по информатички науки, Стојанчо Туџарски.
Published 09/04/24
Веројатно сте го чуле и виделе и сте се насмеале кога ги „кине“ политичарите и јавните личности. И Тие вели не му се лутат. „Па подобро да се либерте, него да се прават дека не чуле или не виделе“ вели во Поткастот Зошто Жарко Јовановиќ познатиот млад глумец и стенд ап комичар. Со него разговараме за политиката, што ни ја нуди и на сатиричен начин.
Published 08/28/24
Зошто граѓаните на избори гласаат повеќе „против“ отколку „за“? Им треба ли тренинг за личен развој на политичките лидери? Зошто понижените граѓани од нефункционални институции не стават крај на тоа? На овие прашања Зошто, во поткастот на Радио Слободна Европа бараме одговори од Ида Протуѓер, која успешната новинарска кариера ја замени со нова – life coach или тренер за личен и организациски развој.
Published 08/21/24
„Земи си еден Дијазепам за да се смириш“ - ова е често споменувана реченица низ македонските семејства. Тоа е катастрофа, вели во Поткастот Зошто Тиана Ивановска психолог. Со неа разговараме и за најчестите причини да се посети психолог, за анксиозноста и депресијата
Published 08/14/24
Студентите во светот дебатираат за вештачка интелигенција, а македонските студенти за пристојни студентски домови. Незадоволство има, но има и апатија во услови на наметнатите поделби. Резултатот е застрашувачки – масовно иселување вели во поткастот „Зошто“ Бленди Ходаи, студент и активист.
Published 08/07/24
Викса вели дека на радио „опасно бега од политика“ и дека и затвора врата, но оти некогаш е толку смешно што не се издржува, посебно „ако треба да не се смееш“. Е тогаш станува уште посмешно и зaтоа можеби „не е срамно ако нарушиш културна тишина“, вели во Поткастот Зошто Виктор Петров – Викса, популарен водител кој им го разубавува денот на слушателите на Радио Сити.
Published 07/31/24
Зошто граѓаните на избори гласаат повеќе „против“ отколку „за“? Им треба ли тренинг за личен развој на политичките лидери? Зошто понижените граѓани од нефункционални институции не стават крај на тоа? На овие прашања Зошто, во поткастот на Радио Слободна Европа бараме одговори од Ида Протуѓер, која успешната новинарска кариера ја замени со нова – life coach или тренер за личен и организациски развој.
Published 07/24/24
Никола Нешкоски, планинар, велосипедист, екологист и едукатор. Личност која ужива во предизвици, но и човек кој сака младите да ги научи на здрав живот, на спорт и на љубов кон животната средина. Со него во поткастот Зошто разговараме за задоволствата, успесите, но и предизвиците со кои тој се соочува во остварувањето на неговата мисија.
Published 07/17/24
Нема поважна политичка тема од животната средина, вели биологот и активист Кирил Арсовски Пржо во поткастот Зошто. Но со тоа не се занимава ниедна партија, влада, ниту претседател. Предлага Градскиот парк да се прогласи заштитено подрачје, а граѓаните да се грижат и за животот надвор од својот дом
Published 07/10/24
Се случува своевиден егзодус на младите и не бегаат толку поради финансиите, туку поради корупцијата, криминалот и непотизмот. Ова во Зошто го вели Дејан Радуловски 23 годишен човек кој истовремено е на постдипломски по историја и на политички науки на Правен факултет во Скопје и работи во кафуле.
Published 07/03/24
Најпосетувана е куќата на Мајка Тереза, импресионирани се од мултикултурата, и од старите и од новите градби. Само во Скопје 2014 туристичкиот водич Васко Марковски избројал 140 споменици. Во поткастот Зошто раскажува кој доаѓа да го види Скопје, што ги одушевува, а на што се жалат туристите.
Published 06/26/24
Мисијата на клубот, ентузијазмот, начините на финансирање, како и запрашувањето против комарци и муви се темите за разговор со Јане Стефанов, претседател на Аероклуб Скопје, кој успеал своето хоби и љубов да го претвори во професија.
Published 06/19/24
Со премолчувањето и ставањето на проблемите под тепих не правиме ништо, вели писателот Петар Андоновски и затоа треба да се разговара за се, па и за она што е табу. За него е тажно што има предрасуди за парадата на гордоста затоа што нејзината порака е - тука сме , постоиме и ние имаме права
Published 06/12/24