Episodes
Во неделата на 28.04.2024 имав прилика да бидам дел од "Каков Град?" - просторна интервенција, перформанс и музички настан во прекрасната Железничка зграда во Скопје. Во еден едукативен процес на читање на градот, се обидовме заеднички да одговориме на прашањето: Каков Град? (Ни треба). Тука се неколку одговори, а на настанот во неделата имаше уште многу повеќе, фокусирајќи се на прашањата во која насока го гледаме нашиот иден Град. Каков Град? - Инклузивен? Ксенофобичен? Мултифункционален?...
Published 05/01/24
Во 100-тата јубилејна епизода, гости ми беа Даре - Irie scratch и Трајче - Tactivity од Pandamonium радио. Со нив делиме иста цел: Поквалитетна култура, музика и пристап кон сето тоа. Зборуваме за разни теми, вклучувајќи го искуството на водење на поткаст и колку е битно да се сака она што го работиме и веруваме во истото. Pandemonium заедницата и дружбата, новата музика, UK новата сцена, како и нашиот живот во културата. Слушавме: A$AP Rocky - Purity (feat. Frank Ocean). Wesley Joseph -...
Published 04/22/24
Published 04/22/24
Понеделничко прекрасно пролетно утро низ улиците на Скопје! 99-та епизода во сезона 5! Зборував како добро си пројдовме на вчерашниот BBQ настан на Sure shots во Three kitchen и колку беше убаво во дворот. Понеделнички ме разбуди супер порака од другарка ми Елена: "Вратена сум, ти ги донесов плочите." Уште сум импресиониран од пролетта, па неизбежно беше и за тоа да се прозбори и дека пролетта е период на промени, и колку е убаво што во градот каде што живееме има планина и природа во која...
Published 04/15/24
Пролетно утро низ улиците на Скопје. Јас во chill out состојба... Едвај извежбав овој понеделник и некако целиот бев спор, ама секогаш ми е ок кога имам емисија. Понеделници sux, знам, ама се трудам колку што можам да сум ок со тоа :) Блазеси им на тие што понеделниците не им се терет. Legalize 4 days weekend! Зборував колку е убава пролетта и како си пројдов, пуштајќи плочи во Саботата во Лабораториум и колку ми значат Nirvana. Затемнувањето на сонцето што имаа прилика да го доживеат оние во...
Published 04/09/24
Пролетно расцутен понеделник и убав поглед низ улиците на Скопје, исполнет со велосипеди, пешаци и маскирани лица :) 97-мата епизода во сезона 5 и благодарност кон пролетта. Зборував за промоцијата на Поп Култура и колку убаво пројде и колку е убаво што излезе оваа плоча на млади артисти. Оваа епизода му ја посветувам на Мирко Попов и она што тој го правеше за овој град и го читав неговиот текст по повод 200-тото издание на ПМГ Рекордингс. Многу ми е драго што го познавав тој човек и што исто...
Published 04/03/24
Во 96-тата епизода разговарав со Вангел Ноневски, човек кој е присутен во независната културна сцена веќе долги години, а во последниот период е доста активен со својата издавачка куќа „Аксиома“. Разговаравме за различни аспекти поврзани со музиката, а особено се фокусиравме на новата џез сцена која се развива во Скопје во последните години, истакнувајќи колку фантастично звучат сите тие нови состави и бендови и колку исто ПМГ џез допринесе врз самата таа нова сцена. Разговаравме и за тоа...
Published 03/25/24
Пролетна состојба на улиците на Скопје. Убави шарени дрвја со бои и цветовите. Мириса на пролет јееее! Повеќе слушавме музика и зборував за паранојата кога мислиш дека си ги изгубил слушалките и колку се битни во јавен превоз. Шо знам класично лабаво утро со добра музика. Мала ретроспектива како пројде неделата и дека е тапа што не можеме да идеме цело време на концерти со up to date бендови и артисти. Исто спомнав дека во недела на 24ти пуштам на денско матине во Ќоше, дојдете на пролетна...
Published 03/19/24
Темно утро низ улиците на Скопје. Пролетта полека надзира и пополека се будат дрвјата, боите и цветовите, едвај ја чекам да пристигне. Ме искинаа алергии се осеќа во гласот и на нос. За малку ќе ме бапнеше самовила на тротинет утрово на пешачка патека па зборував дека е скроз невоспитано како се однесуваат овие наши сограѓани. Спомнав дека имало оскари ама дека не сум гледал :) Мала ретроспектива како пројде неделата и како си пројдов пуштајќи плочи во неделата на сонце во Бистро...
Published 03/11/24
Во 93-тата епизода од сезона 5 имав чест да разговарам со Синиша Евтимов најпродаваниот хит-мејкер и театарски режисер во 21-век кај нас. Зборувавме за неговите почетоци, неговата плодна кариера, што го инспирира, светот денеска и човечката еволуцуија, а сепак ни се дешава ужас во светот и околу нас, како да се биде уметник и што и да значи зборот уметност, златната ера на clubbing-от во Скопје, Скопје, Свирењето гитара и продуцирање музика и за работите што ни се случуваат Овде и сега како и...
Published 03/04/24
Сончево утро низ улиците на Скопје. Пролетта полека надзира и пополека се будат дрвјата, боите и цветовите. Мала ретроспектива како пројде неделата и како си пројдов пуштајќи плочи во средата во Бистро Комедија на нивниот pasta special day. Слушаме плочи оваа среда повторно таму, дојдете.  Имавме прилика да слушнеме и нова песна од КЕМ. Зборував дека Марче и Емир малку цапнале во реге на оваа песна и дека го очекуваме нивниот албум :) Исто така спомнав за DIY фестивалот на Гола Планина -...
Published 02/26/24
Понеделнички 19.02.2024 нова епизода во живо на АМ шоу и 91тата епизода во 5тата сезона на #celebratelifepodcast 🤘 Сончево утро низ улиците на Скопје. Мала ретроспектива како пројде неделата и како си пројдов пуштајќи плочи во средата во Бистро Комедија и колку убаво проаѓам пуштајќи ги плочите што ги сакам таму. Слушавме спора и нежна музика како за почеток на ден. Имав мал вентинг во етер кон поштата и надеж дека побрзо ќе си ги земам заглавените плочи :( Спомнав за убави спомени со некои...
Published 02/19/24
Понеделнички 12.02.2024 нова епизода во живо на АМ шоу и 90тата епизода во 5тата сезона на #celebratelifepodcast 🤘 Зборував како брзо пројде викендот, како си пројдов во средата во Бистро Комедија пуштајќи плочи на нивниот нов концепт со храна и вино. Спомнав дека не сме сами на Валентајн и дека секогаш се имаме себе, а еве и мене ќе пуштам плочи оваа среда од 21:00 повторно во Бистро Комедија па дојдете да прославиме :) Откажаната турнеја на James Blake во 2020. Обично не коментирам дневно...
Published 02/12/24
Добродојдовте назад во понеделник и во новата 89 епизода. Како што ја започнуваме неделата, ајде да размислиме за викендот што штотуку помина. Лично, мојот викенд беше исполнет ептен и супер се забављав. Малку ми беше тапа дека на Греми наградите SZA не освои :)  Утрово, сепак, морам да признаам, не се чувствував особено зборлест. Но, тука ќе се повикам на старата поговорка за музиката - таа има начин да зборува кога зборовите не успеваат. Така да утрово решив да дозволам музиката да зборува...
Published 02/05/24
Имав чест да разговарам со Fitz aka Feetz - The Beginnings/Новиот почеток, Blackstate. Разговаравме за почетоците во раните 2000-ти и искуството кон издавање на 6 свои и туѓи албуми на наше тло. Разговаравме и за истрајноста во работата и DIY естетиката, социјалниот ангажман присутен во неговите текстови, искуството на турнеја и патување со комбе низ Европа, значењето на локалната сцена и фестивалот Земјотрес што годинава ќе го оддржи своето 12то издание, дизајнот и реалноста во светот денес....
Published 01/29/24
Понеделнички сончево утро исполнето со чист воздух. Тажното е што денес престана да вози јавниот превоз. Во мал и загаден град и те како е битно да се форсира користење на јавен превоз, а не да престане тој да функционира. Да се надеваме дека во текот на денот ќе има некаква промена околу ова. Оваа епизода зборував за Френк Синатра, и неговите искрени текстови како ја доловува суштината на сеќавањето на различните фази од животот, прикажувајќи го одминувањето на времето и емоциите поврзани со...
Published 01/22/24
Blue Monday или Синиот понеделник, е ден во јануари кој често се означува како трет понеделник во месецот, се смета за најдепресивниот ден во годината. Во Скопје на него се повикуваме секој понеделник по викенд триумф над животот и радоста 😎. И покрај тоа што овој ден е означен и се зборува како ужасен ден, шоуто не го одрази тоа, признавајќи дека тагата и депресијата се составен дел од животот, а емоциите се тие што не треба да се задушуваат. За оние кои секојдневно се соочуваат со овие...
Published 01/16/24
Во 85тата епизода на #celebratelifepodcast имав чест да разговарам со Јулијана Милутиновиќ мошне препознатлив и уникатен глас на радио, диџејка и автор на неколку музички емисии од кои мојата омилена lounge / chill out Groove Relation. Својата радио кариера ја започнува на свои 18 години на некои македонски радио станици во Скопје, а во последните 17 години живее и работи во Нови Сад. Разговаравме за љубовта кон радиото, музиката, дј настапите, како се чувствува како девојка дј и многу...
Published 01/08/24
Нова година нова епизода 84 по ред. Иако денес сите одмарате, и јас треба ама не можам да не работам ништо па затоа и понеделнички започнуваме у ритамот на подкастот.  Гостин ми е Мирко Попов прилично маркантна фаца за наше поднебје и посветен културен работник изминативе 30 и повеќе години. Со Мирко разговаравме за последното винилно издание на Крај Вардарот Џез сесиите во Аудио култура, скоро 300 изданија на PMG recordings од кои 13 винили. Како е да се води музички label, Периодот кој што...
Published 01/01/24
Во 83тата епизода во сезона 5 гости ми беа Дина Јашари и Лука Тошев или Дина Јашари и другари :) Зборувавме што значи да си млад автор тука, животот на турнеја, наградата Милан Младеновић, свирењето низ целиот Балкан на разни места и фестивали. Инспирација за музиката, следни изданија и планови, што слушаат периодов и многу интересни други теми.  Уживајте! --- Send in a voice message: https://podcasters.spotify.com/pod/show/indog/message Support this podcast:...
Published 12/26/23
Понеделнички доцнеше ЈСП па доцнев и јас :) Малку динамична епизода. Зборував за екстремното нехумано загадување на Скопје. Колку е битно да се користи јавен превоз, age shame-ing и beauty standards (инспириран од песната на Ladytron). Како си пројдов на 3тиот роденден на Терапија пуштајќи плочи и изложување на неколку дела од мојата последна изложба Во Цут и дискутирав се разбира за прекрасната музика која што ја слушаме во секој подкаст!  Слушавме:   Eli Keszler - All the Mornings in...
Published 12/25/23
Во 81 епизода на #celebratelifepodcast AM 11.12.23 - сезона 5, гостин ми беше Диме од бендот Hardfaced, Primitive Dread и Die hard records/booking. Зборувавме за инспирацијата на неговите текстови и социјалниот ангажман, DIY стандардите и како се развива сцена и љубовта кон истата, Свирки во Охрид развој и поддршката на публиката и взаемната почит. Животот на турнеја и како е да се работи за еден од поголемите бендови во моментов Turnstile. Уживајте во разговорот кој што за мене беше ептен...
Published 12/11/23
Овој понеделник 04.12.2023 на AM шоу во 10 часот наутро во 80та епизода започна 5тата сезона на #celebratelifepodcast 🥰  Беше прилично тешко ова утро да се одржи емисијата од немилиот настан кој што сите не потресе, се обидував да не дискутирам многу околу тоа меѓутоа ме совладуваа емоциите помислувајќи на самиот грозоморен чин и убивањето на дете. Но се обидував да останам приземен колку што можев. Музиката која што ја слушавме беше емотивно смирувачка како што му доликува на понеделник...
Published 12/04/23
Месец јуни обично се оди во chill и хибернација до есен па така и АМ шоу го извози последното понеделничко утро за оваа сезона 4 или 79 епизода или 19 епизода на радио МОФ.  Ви благодарам на сите што бевте со нас (како и на техничарите Пецо и Кире) изминатите 5 месеци и што газевме и се дружевме и си ги правевме понеделниците поубави и го рефлектиравме градот во една поинаква атмосфера за нас. Подкастот за летово го напушта овој радио формат. Во летниов распуст и ќе продолжиме да слушаме...
Published 06/26/23
На 19.06.23 во АМ Шоу соговорници ќе ми бидат КЕМ разговараме за нивниот фантастичен настап на take over-от на гола планина колективот на 12тото издание на #engagemk кои се што се, што ги инспирира, влијанија, како е да си дел од новиот бран итн… дури имавме и freestyle во етер, а и мачката проба да ни остави бебе на чување :) КЕМ се бенд ко во својата музика инкорпорира разни жанрови меѓу кои хип-хоп, инди, соул, RnB. Основани се во 2020 година во Скопје. Го издаваат нивниот прв сингл „Не...
Published 06/19/23