Суплеменити и лекови: знаеме ли што конзумираме?
Listen now
Description
Се мислиш да додадеш суплементи во исхраната или веќе ги конзумираш? Не знаеш дали се квалитетни и испитани? Тогаш оваа епизода е за тебе! Зборувам со Катерина Гудева, доктор кој се надоградува во областа на базични и клинички испитувања. Денес таа е со нас да ни каже сè што треба да знаеме за суплементи и лекови. Навлегуваме подетално во влијанието и квалитетот на суплементите, како тие стигаат до полиците, дозирањето, нивните активни состојки и многу друго. Во денешното море на информации што ни го пружаат медиумите тешко е да се знае на кој може да се верува. Затоа со Катерина зборуваме зошто е важно да ги погледнете клиничките студии и ти помагаме да разбереш што значат тие. Ислушај го разговорот, биди во тек со истражувањата и направи го најдоброто за своето тело. Интересни моменти: [00:00] Вовед [01:44] Феникс домовите за стари лица [03:09] Претставување: Што работи Катерина? [09:00] Како да утврдите дали продуктот е добар за вас лекови\суплементи? [13:14] Како да се осигурате дека вашите суплементи се квалитетни? [18:38] Колку суплементите влијаат врз резултатите од клиничките испитувања? [21:43] Прекумерна доза на суплементи [22:53] Дали здравите луѓе треба да користат суплементи? [27:00] Како медиумите ги претставуваат суплементите, а како клиничките студии? [34:08] Што се активни состојки? [38:30] Лековите порано и денес [40:28] Како лековите стигаат до полиците и како ги дознаваат негативните ефекти? [43:48] Новости во медицината за мултиплекс склероза, рак… [49:29] Превенција: почни од себе [52:45] Базични наспроти клинички гранки од медицината Корисни линкови: Катерина Гудева на LinkedIn и Instagram Јосиф Дамјанов веб-сајт Јосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и Instagram Катерина Гудева на LinkedIn, Instagram Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.
More Episodes
Дали знаеш дека ATG тренинзитe ја намалуваат бoлката во телото? Во оваа епизода разговарам со Бојан Диков, тренер во ATGMacedonia, кој ни ги открива предностите на ATG методот на вежбање и како може со овој метод на вежбање да се намалат болките во телото. За оние што се заинтересирани за...
Published 04/02/24
Published 04/02/24
Време е конечно да се разбијат предрасудите за домовите за стари лица и токму со таа мисла го закажавме разговорот со Мето од @feniks_domovizastari. Во оваа епизода ќе се запознаеш со сите услуги што се нудат во Феникс, начинот на кој што старите лица (резиденти) живеат таму, каква грижа...
Published 02/20/24