Повреди, болки и операции - како да го намалиш ризикот?
Listen now
Description
Дали знаеш дека ATG тренинзитe ја намалуваат бoлката во телото? Во оваа епизода разговарам со Бојан Диков, тренер во ATGMacedonia, кој ни ги открива предностите на ATG методот на вежбање и како може со овој метод на вежбање да се намалат болките во телото. За оние што се заинтересирани за слабеење, има и таков дел - како се постигнуваат саканите резултати. Дополнително ќе дознаеш и за многу други предности кои ги нуди овој начин на вежбање. Независно дали си физички активен/на или не, дознај како овие методи на вежбање можат да направат голема разлика во твојот живот! Доколку сакаш атлетски градено тело кое што функционира правилно и без болки, тогаш овој систем за вежбање е за тебе. Интересни моменти: [00:00] Вовед [07:13] Што значи ATG? [10:15] Која е разликата меѓу традиционален тренинг и ATG? [18:57] Решавање на болка и повреда [22:17] Седечка работа, последици и решенија [27:17] Проблем со колената кај луѓе што не се спортисти [30:46] Колку стоечката работа придонесува за болки во зглобовите? [34:10] Кои се секојдневните вежби што треба да се прават? [36:45] Флексибилност, мобилност и сила - што подразбира секое? [42:05] Принцип на работа и програми за вежбање на ATG [44:59] Каков е прогресот на луѓето што вежбаат во ATG? [47:00] Која вежба е безбедна за секој човек? [49:00] Проблеми кај луѓе што сакаат да ослабнат [52:05] ATG тренинг наспроти функционални тренинзи - има ли исти резултати? [55:45] Инспиративни приказни на АTGМacedonia Корисни линкови: Бојан Диков на Instagram ATGMacedonia на Instagram ATGMacedonia веб-сајт Јосиф Дамјанов веб-сајт Јосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и Instagram Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до нив.
More Episodes
Published 04/02/24
Се мислиш да додадеш суплементи во исхраната или веќе ги конзумираш? Не знаеш дали се квалитетни и испитани? Тогаш оваа епизода е за тебе! Зборувам со Катерина Гудева, доктор кој се надоградува во областа на базични и клинички испитувања. Денес таа е со нас да ни каже сè што треба да знаеме за...
Published 03/19/24
Време е конечно да се разбијат предрасудите за домовите за стари лица и токму со таа мисла го закажавме разговорот со Мето од @feniks_domovizastari. Во оваа епизода ќе се запознаеш со сите услуги што се нудат во Феникс, начинот на кој што старите лица (резиденти) живеат таму, каква грижа...
Published 02/20/24