Најава: Дигитална трансформација
Listen now
Description
Пред неколку месеци со А1 Македонија започнавме убав муабет околу подкасти, локална понуда и сл. и после неколку (онлајн) состаноци и меилови... работите станаа поконкнретни. Се интензивираа работите и конечно денес ја имам честа да ја најавам новата сезона (иако напуштивме броење на сезони пред две години па затоа некаде може и ќе ја викам серија) на #комкаст. Одлуката околу содржината беше прилично лесна. Дигитална трансформација. Долги години сме активен дел од неа, од повеќе страни а тоа е и тема со која А1 Македонија можеше многу лесно да се поврзе, ќе слушнете во некои од епизодите и зошто. Тоа е, #комкаст, партнерски со А1 Македонија, 10 нови епизоди, скеој четврток. Од сега па до февруари 2022. Повеќе детали во најавата и прва епизода во четврток на твојата омилена аудио платформа, YouTube или тука на блог.
More Episodes
Во оваа епизода зборуваме со Петар Ниновски од Brainster и Душан Марковиќ од Maliqi Group. Секој со искуство во својата индустрија, Петар во неформално образовани, Душан со угостителство и дистрибуција зборуваа со кои предизвици тие се соочувале во процесот на трансфорамција во компаниите во кои...
Published 03/17/22
Кога зборуваме за дигитална трансформација често напоменуваме дека луѓето во оранизацијата се клучен фактор за успешната трансформација.   Токму за процесите на промена внатре во компанијата, за развојот и одржувањето на организациската култура и секако за развојот на кариерните патишта во оваа...
Published 02/24/22
Во седмата по ред епизода на #комкаст посветена на дигиталната трансфорамција зборуваме за 5G како технологија. Со Маја Милосавлевска Наумовска од А1 Македонија дискутираме за митовите поврзани со 5G, за карактеристиките и предностите на самата технологија но најмногу за можностите кои таа ги...
Published 02/03/22