Episodes
На гости оваа епизода во #комкаст ни се Горан и Милош од ziska.rs, дигитална маркетинг агенција од Белград, Србија. Горан и Милош беа на сцена минатата година на AllWeb во Скопје и зборуваа за instagram. 6 месеци подоцна повторно разговараме на иста тема. Што е последно актуелно и како брендовите се снаоѓаат на Instagram.
Published 05/16/18
Мирослав Варга одговараше на неколку прашања поставени од посетителите на обуката. Сподели неколку совети за оптимизација и дневни рутини корисни за сите AdWords прфесионалци.
Published 04/30/18
Оваа епизода имавме уникатна можност во #комкаст да ни гостува ни помалку ни повеќе туку хуманоидниот робот Pepper. Тој беше на еден ден во Македонија благодарение на Стопанска Банка и Mastercard. Малку поразговаравме со него и ги отворивме темите за роботите во нашиот живот, замената на луѓето, вештачката интелигенција и сл.
Published 04/20/18
Не смеевме да ја прескокнеме темава, особено затоа што е сеприсутна и многу актуелна, плус од неа се развија многу различни приказни, читај дебати. Пред се на глобално ниво се отворија голем број на прашања поврзани со етичката страна на обработката на податоците, прибирање на податоци, Tramp, Brexit... но и локално заради SCL Balkans и активностите во регионот. Со Дарјан дискутираме за потребата од отварање на овие теми, за (до некоја мера) нереалните очекувања на крајните корисници и секако...
Published 03/26/18
Гостин или подобро речено повторно дел од #комкаст во оваа епизода е Никола Спасов, експерт за комуникации и сл. Инспирирани од неодамнешното цензурирање на еден од прилозите во ТВ емисијата Код на Снежана Лупевска Созен (https://goo.gl/15L4Wt) разговаравме за можноста воопшто денес да се цензурира некоја содржина и секако за можната употреба на „цензурирана” содржина во маркетинг цели. Никола појасни на кратко на кои постулати е заснован т.н. златен ѕид односно системот за цензура во Кина.
Published 03/25/18
Во оваа епизода се обидуваме малку да го осветлиме патот кон невидливата страна на комуникацијата на социјалните медиуми, онаа која е тешко достапна преку алатките за аналитика. https://youtu.be/Tpzufto1UBE Dark Social за прв пат се појавува како термин во текстот на еден од уредниците на The Atlantic и во основа има малку податоци за овој сегмент од комуникацијата. Најчесто податоците кои се цитираат доаѓаат од едно исти истражување, малку постаро, иако има и некои понови извори но...
Published 03/06/18
Во првата епизода од оваа нова сезина на #комкаст зборуваме за улогата на маркетинг тимот, или луѓето во развојот и унапредувањето на корпоративниот (добро де, компанискиот) вебсајт.
Published 02/19/18
Започнавме муабет за Instant Articles, вклучивме 360° видео стрим во живо преку hugvr.com и се префрливме со муабетот за виртуелната реалност
Published 04/27/16
Оваа епизода домаќини се Mитко и Теди Пејоски од G6 како и ги дискутираат сите новитети на Facebook - Chat Bots, VR сл.
Published 04/27/16
Овој #комкаст имаше нов ко-домаќин. Гостин беше нашиот пријател Никола Спасов (@NikolasTweets) од истражувачката агенција Рејтинг.
Published 04/26/16